Posts

Showing posts from June, 2018

"Шагринска Кожа"-Оноре Де Блазак

Романот „Шагринска кожа„ е едно од делата на Оноре Де Балзак.Во ова лектирно дело се работи за еден млад човек по име Рафаел, кој додека е очаен пронаоѓа една необична шагринска кожа. Таа кожа ги исполнува сите негови желби, но со тек на времето таа се смалува заедно со животот на Рафаел.Настаните се сместени во Париз за време на 19ти век. Рафаел е еден динамичен лик, а воедно и жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството.Тој бил заслепен од луксузот на буржоазијата, па така самиот станува несвесен за тоа како луѓето го гледаат и за неговите постапки. Станува дрзок,арогантен и неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство кое незаслужно го поседува.Овој лик е комплексен, од потребата да се менува пред останатите луѓе.Тоа што тој постојано се труди да се докаже пред останатите, го доведува до смрт.Себеси се гледа како личност која е во центарот на вниманието и главна ѕвезда.Рафаел смета дека за да бидеш премногу почитуван и славен, потребно е...

Репортажа

   Најубавото место што сум го посетил до сега,е Хрватска бев во повеќе градови највеќе што ми остави впечаток е градот Сплит.     По мене мислам дека тој е еднен од најубавите градови на целиот Балкан.Преубавото Јадранско море,убавите планини и паркови.Многу места каде што може да се шета,мостови и др.Но бев само 3 дена што немав многу време за шетање,но сепак видов многу поважни работи.

"За буквите"-Црноризес Храбар

Порано Словените немле книги, туку се служеле со рески и цртички, читале и гатале, исто како и многубошците. А кога се покрстија, биле принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Словените се запрашувале за тоа како тие немаат совоја азбука. Било „дадено“ од бога само на грчки да пишува, но за среќа се појавил св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви. Сепак луѓето биле збунети поради тоа што не би било потребно да има 38 букби, но и дека било зададено од бога само на грчки да се пишува и учи. „Чим бога ги создал луѓето, секој на раѓање е еднаков, сите се раѓаат исти.“ И поради тоа луѓето би имале избор за своја азбука со било колку букви.

"Чорбаџи Теодос" - Васил Илјоски

Во лектирното дело „Чорбаџи Теодос„ од Васил Иљоски има повеќе ликови, од кои се сретнуваме со ликот на Стојанка. Таа е една од споредните ликови во делото и јас би ја нарекла „љубовен лик„. Нејзиниот живот е сиромашен и прилично тежок. Целта којашто сака даја постигне е да се венча со нејзина љубов Томче. Но,нормално во секоја љубовна приказна има препреки, падови, сомнежи и слично... Па та и во оваа љубов на Стојанка и Томче. Чорбаџи Теодос е всушност главниот лик во делото, угледен, строг, пристоен и точен, но и принципиелен. Тој е таткото на Томче, како и причината за невозможната љубов на сиромашната Стојанка и синот на Чорбаџи Теодос, Томче. Стојанка е наивна,добродушна,вредна и убава девоја,како и во очите на другите девојки се доживува како пристојна и достојна девојка за богатиот Томче. Од друга страна пак, Теодос здогледал кал под ноктите на Стојанка и од тој момент смета дека таа е неугледна да стане снаа во нивната фамилија. Стојанка е цврсто решена ...

Анализа на ликот Антигона

Од древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле.Иако во трагедијата, можеби носечката улога ја има кралот Креон, сепак, Софокле ѝ дал предност на ќерката на Едип, Антигона. Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во грев, ќерка на родители – мајка и син, таа не може да има среќна судбина. Но, сепак, тоа не е нејзината најголема трагедија. Таа е толку чесна, достоинствена, горда и посветена, што не може да дозволи нејзиниот брат, па каква и да му била вината, да го остави непогребан. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен на мршојадците. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува свој...

"Силјан Штркот"-Марко Цепенков

Мрзеливоста е состојба во која едно лице неможе да направи нешто, да си ги изврши обврските, не затоа што нема способност, туку поради незаинтересираност. Многумина не успеваат во животот поради мрзеливоста. Тие не ја планираат својата иднина и немаат амбиција да постигнат нешто. Исто така, не ги извршуваат своите должности или ќе ги остават потешките обврски на другите. Нашето здравје зависи од мрзеливоста. Мрзеливите не се активни, не спортуваат и не се грижат за своето здравје. Некои луѓе се толку мрзеливи што не си подготвуваат храна и поради тоа рестораните за брза храна се повеќе се прошируваат во светот, а како резултат на тоа се уништува и животната срединаМрзеливоста ги прави луѓето досадни. Често одбиваат да излегуваат со своето семејство и пријателите. Така имаат многу драгоцени пропуштени моменти и не посетени места во животот. Секогаш може да се спречи мрзата. Ваква трансформација е прикажана низ делото на Марко Цепенков- „Силјан штркот“. Тој во почетокот на при...